ВОЈНИКОТ ШТО БЕШЕ ОБВИНЕТ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ ВО КРУШЕВО НАЈАВИ ТУЖБА

Вести Истакнато Македонија

Војникот Мартин Богоевски на својот Facebook профил најави тужба. Текстот ви го пренесуваме интегрално:

„Најава за тужба

Почитувани,

Со чиста свест и совест изјавувам дека немам никаква врска со инцидентите кои се случија на Мечкин Камен при одбележувањето на празникот Илинден. Изјавувам уште еднаш дека не сум учествувал во инцидентите и не сум ширел говор на омраза.

Определени портали и медиуми сеуште се служат со методи користени во времето на инквизицијата, кога јавно беа обвинувани и осудувани недолжни граѓани без никакви аргументи и докази врз основа на тајно клеветење.

Ширејќи ноторни лаги и невистини прават обиди за нарушување на мојот личен интегритет и авторитет граден долги години наназад. Во мојата професионална војничка кариера за разлика од бројни личности сум работел и сеуште работам исклучиво согласно Уставот на Република Македонија, законот и моралните норми. Досега во мојот живот немам добиено ниту прекршочна пријава за сообраќаен или било каков друг прекршок.

И по втор пат наведувам дека ги повикувам сите надлежни органи и институции да го испитаат случајот во најситни детали за да се утврди вистината преку која ќе ја исчистам оваа дамка која некој се обидува да ми ја постави.

Од тие причини јас сум приморан правдата да ја барам преку институциите и затоа ја информирам јавноста дека деновиве ќе покренам соодветна судска постапка пред надлежни судови.

Со почит,

Војник, Мартин Богоевски“