ГРАДСКИТЕ БАЗЕНИ СО ПРИСТАПНИ ЦЕНИ ЗА ОНИЕ КОИ НЕ ЗАМИНАЛЕ НА ОДМОР

Вести Забава Истакнато Магазин Македонија

Влезниците во градските базени изнесуваат околу 200 денари, но не знаборавајте на дополнителните трошоци. Скоро во ниеден од нив не е дозволено внесување на храна и пијалоци. Ова значи дека доколку отидете на разладување, ќе биде потребно со себе да понесете доволно пари за храна, сок, кафе, вода.

Влезницата во Олимпискиот базен на пример чини  250 денари, работи секој ден од 10 до 17 часот, освен традиционалниот Понеделник. Тој нуди и ноќно капење со почеток во 20 часот, а трае се до 23 часот. На базенот лежалките се гратис.

Базенот Аеродром работи секој ден од 10:00 до 18:00 часот, влезницата е за нијанса поевтина – 200 денари. На овој базен имате можност да купите и полудневен билет за периодот 15 до 17.30 часот ќе ве чини 120 денари.

Базенот Расадник е отворен секој ден од 10 до 24 часот. Цената на дневен билет е една од најниските во Скопје, само 150 денари.

Аква Парк кој е во состав на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ е едне од најновите и најатрактивните објекти од ваков вид. Изобилува со многу содржини.  Влезницата изнесува 300 денари, а за децата до 4 години влезот е бесплатен.