25 000 СЕМЕЈСТВА ГО ЧЕКААТ ЗАКОНОТ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Вести Истакнато Македонија

25 000 семејства се уште чекаат на донесување на Законот за социјална заштита, со кој се дава надеж за излегување од кругот во кој се вртиме долго време, велат од  Македонската платформа за борба против сиромаштија.

Тие денеска излегоа на прес конференција со цел да го изразат својот револт од не донесување и кочењето за имплементација на Законот за социјална заштита, посочувајќи дека социјално загрозените семејства во нашата земја се уште живеат со социјална помош во износ од 2 000 денари.

„Сакаме да укажеме дека со тоа всушност дека луѓето се уште живеат со 2 000 денари  социјална помош, наместо да се замени истата оваа одредба со минимален приход кој ќе овозможи за едно четири члено семејство најмалку 9 000 до 11 000 денари доколку нивните деца посетуваат училиште. Тоа значи воведување и на образовен додаток, а за семејствата корисници за социјална помош воведување на детски додаток. Исто така сакаме да кажеме дека повеќе од 5 000 семејства чекаат за воведување на старечката пензија која ќе им овозможи на лицата кои немаат наполнете 15 години стаж, да имаат и тие право на минимум приход со кој ќе можат д аго издржуваат сопстевниот живот и животот на луѓето кои живеат со нив“, вели Зоран Бикоски, претставник на Македонската платформа за борба против сиромаштијатија.

Со измените на законот тие очекуваат не само промена на стилот на живеење туку и активација на социјалните служби кои што постојат и треба да бидат сервис на граѓаните и да им овозможат на лицата кои се во социјален ризик да бидат активно вклучени на пазарот на труд.  Како што наведуваат од Маедонската платформа за борба против сиромаштијата главните кои ја кочат работата  за донесување на законот се собранискиот спикер Талат Џафери и координаторот на ДУИ Ејуп Аљими со што преку денешната пресконференција сакаат да испратат токму порака до нив.

„Македонската платформа против сиромаштијата од 2010 година се бориме за воведувањето на гарантираниот минимален приход како еден од главните активности кои што и се работи и делува заедно со Европската платформа борејќи се секој од европските земји ги воведе шемите за гарантиран минимален приход и токму во фокусот на Македонската платформа против сиромаштија се луѓето кои не ги уживаат правата поради лоштите закони токму оваа социјална реформа треба да воведе социјална сигурност и активација на сиромашните и социјалните граѓани“, вели Сашко Јованов.

Со вој закон од Македонската платформа сметаат дека не само што маргинализираните семејства ќе добијат социјална сигурност, туку ќе бидат активирани на пазарот на труд што може да придонесе за намалување на сиромаштијата и ќе придонесат за намалување на иселувањето на младите и на постарите од земјава.

Извор: ММС