| |

Бугарија ќе биде претставена со свој национален штанд на Меѓународниот туристички саем во Токио

На иницијатива на Амбасадата на Бугарија во Јапонија, годинава Бугарија ќе биде претставена со свој национален штанд на Меѓународниот туристички саем Туризам Експо Јапонија 2024, што ќе се одржи во јапонската престолнина Токио, јавува БТА.

Туристичкиот саем треба да се одржи во конгресниот центар Tokyo Big Sight помеѓу 26 и 29 септември 2024 година.

Бугарското дипломатско претставништво во Јапонија најавува дека сите бугарски институции, администрации, туристички компании и гранкови организации треба да се обратат до Министерството за туризам на Бугарија за учество на изложбата.

Според споделените информации, рокот за пријавување е 22 јули 2024 година, јавуваат од амбасадата на Бугарија во Јапонија.

Слични Објави