ИСТРАГА НА ЈАПОНСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО: ШИНЅО АБЕ ПОД ЛУПА ЗА НЕЗАКОНСКО ТРОШЕЊЕ НА ПАРИ

Јапонското обвинителство започна истрага во врска со обвинувањата дека поранешниот премиер Шинѕо Абе незаконски ги субвенционирал трошоците за присуство на вечера за своите приврзаници во 2018 година, пренесува „Кјодо“. Обвинителството испраша секретари на поранешниот премиер, откако во мај беа поднесени кривични пријави против Абе и двајца негови соработници.

loading...

Поранешниот премиер на Јапонија и двајца негови соработници се обвинети за кршење на законот за избори и контрола на политичките фондови во врска со настанот што се случил во хотел во Токио во пресрет на прославата на цветањето на црешите во април во 2018 година.

Околу 800 лица присуствувале на вечерата што била организирана по тој повод, вклучително и на многу гласачи од изборната единица на Абе во префектурата Јамагучи во западна Јапонија.

За нив било наплатено 40 евра (5.000 јени) за вечера, иако билетите за вакви настани обично чинат околу 90 евра (11.000 јени).



loading...

Тужбата е поднесена од околу 660 адвокати и научници од областа на правото, поради заговор на поранешниот премиер и двајца неговит соработници за покривање на дел од трошоците за учество на настанот од политички фондови од кои зеле вкупно околу 39.000 евра (4,8 милиони јени) или 6.000 јени по учесник.

Абе ги отфрли овие обвинувања. Тој рече дека учесниците платиле билет за настанот, чија висина ја одредил хотелот. Абе се повлече од функцијата премиер во септември поради здравствени проблеми.