| |

Заврши проектот за лица од ранливите категории „Незапирливи“, поддржан од амбасадата на Р. Бугарија и од МНР на Бугарија

Со настан во хотелот ,,Континентал” денеска беше завршен проектот ,,Незапирливи” на невладината организација со седиште во Скопје ,,Еснаф”. Проектот ,,Незапирливи” е финансиран со поддршка на амбасадата на Бугарија и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија. Истиот е дел од низа активности на невладината организација ,,Еснаф” за подигање на свеста и за поддршка на лицата од ранливите групи.

Во проектот се вклучија врвни дизајнери од Бугарија и од Северна Македонија, кои дизајнираа производи што потоа беа изработени од лица од ранливите категории.
На настанот беа презентирани и уникатни женски аксесоари и чанти а исто така и беше прикажано промотивното видео за самиот проект.

Во своето обраќање Изабела Соколовска, раководител на проектот, ја изрази својата огромна благодарност кон амбасадата на Република Бугарија и поспецијално на амбасадорот Ангел Ангелов и неговата сопруга Билјана заради нивната долгогодишна поддршка за невладината организација ,,Еснаф” и нејзините проекти.

Амбасадорот Ангелов и неговата сопруга Билјана беа наградени со специјални благодарници заради нивното активно учество и поддршка за активностите поврзани со луѓето од ранливите категории и промоцијата на нивните креативни можности.

Погледнете ја галеријата од овој прекрасен настан:

Слични Објави