Денот на независноста на Бугарија-22 септемви, треба да стане национален празник на земјата. Ова го напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на својата фејсбук страница по повод 114 годишнина од прогласувањето на независноста на Царство Бугарија.
„Денеска го славиме еден од најзначајните настани во современата бугарска историја. Повеќе од пет века по падот на Трново под османлиска власт, на 22 септември 1908 година, во старата бугарска престолнина со манифест била прогласена независноста на бугарското Царство. Со овој чин станува независна една од најстарите земји во Европа, а исто така се враќа и традиционалната титула на шефот на бугарската држава „Цар на Бугарите“, пишува Ковачев.
„Неколку децении, комунистичката власт се обидуваше да го минимизира овој настан, но тој остана во срцата на огромното мнозинство Бугари како незаборавен ден за нашата татковина. Денес го почитуваме споменот на тогашните бугарски генерации и не треба да го забораваме нивниот храбар чин на отфрлање на наметнатите зависности, со кои нашата земја ги декларирала своите историски претензии за рамноправност со останатите европски земји.
Да останеме лојални на заветот на нашите предци и да се залагаме за нашата слобода, демократија и независност.
По 45 години криминален комунистички режим и тешките децении на отцепување од целосната зависност од Кремљ на политичкиот, економскиот и општествениот живот во Бугарија, крајно време е да се ослободиме од овие окови и уште еднаш да ја заслужиме нашата независност.
Денеска мора да му оддадеме и заслужена благодарност на тогашниот премиер Александар Малинов и неговиот кабинет. Без нивната решителност и храброст овој чин немаше да се случи.
22 септември треба да стане национален празник на Бугарија“, пишува Ковачев.