Радев до Ковачевски: Бугарија повторно ќе се солидаризира со братска Македонија

/

Бугарија повторно ќе биде солидарна со „братска Македонија“, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев пред делегацијата од Република Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски, јави дописникот на МИА од Софија.

Радев рече дека „и покрај политички страсти на кои сме сведоци во последните месеци, односите меѓу нашите две земји почиваат на цврста основа, која е надвор од секоја политичка конјунктура“.

-Тоа е основата на одлуките на Бугарија за безрезервна поддршка на Македонија од признавањето на државноста и независноста на земјата, преку инсистирање на превентивниот контингент на ОН при распадот на поранешна Југославија, преку обезбедување помош за време на ембаргото, преку давање воено-техничка помош, во случај на катастрофи и природни непогоди, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Извор: zoom.mk





Претходна статија

Ковачевски – Донев: Бугарија ќе излезе во пресрет на барањата за електрична енергија, се очекува решение за помалку од две седмици

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ ќе собира 150 илјади потписи за распишување референдум за поништување на Договорот со Бугарија

Најново од Вести