| | |

(Галерија) Бугарското неделно училиште „Здравеј“ во Скопје свечено го означи почетокот на новата учебна година

Бугарското неделно училиште ,,Здравеј”- Академија за иновативно образование на први септември симболично го означи почетокот на новата учебна година. Свечениот настан се одржа во Работничкиот универзитет ,,Кочо Рацин” во центарот на градот Скопје.

Официјални гости на отворањето беа амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Желјазко Радуков, и директорката на Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, Антонија Велева.

Амбасадорот Радуков ги поздрави учениците на неделното училиште и им посака успешна учебна година. Во своето обраќање тој ги охрабри посветено да учат за бугарскиот јазик, култура и историја. Свечено обраќање имаше и директорката на БНУ ,,Здравеј”-Академија за иновативно образование , Илијана Атанасова.

„Нашата мисија не е само изучување на современиот бугарски литературен јазик, литературата, историјата и географијата на Бугарија. Преку различни активности и проекти настојуваме кај децата да ги зачуваме и развиваме бугарските народни традиции, културата, историската меморија и духовното наследство. Нашата цел е да ги зачуваме бугарските културни симболи и дух и да го привлечеме интересот на младите генерации. Со посветеност, современи образовни методи и љубов кон знаењето, сакаме да им помогнеме на нашите ученици да го развијат својот потенцијал, својата креативност и да ги остварат своите соништа“, изјави Атанасова во својот говор.

Симболичното отворање на учебната година им прпадна на најмалите, првачињата, кои заѕвонија со училишното ѕвонче. Атанасова им подари буквари на амбасадорот Радуков и директорката на Културно информативниот центар во Скопје, Велева,како симболичен гест и во знак на благодарност за нивната поддршка за Бугарското неделно училиште во Скопје. Покрај официјалните гости на настанот присуствуваа родители, вработени во дипломатската мисија на Бугарија во Скопје и пријатели на Бугарија и бугарскиот народ.



Слични Објави