|

САД ја одобрија продажбата на ракетите „џавелин“ на Косово

Американскиот Стејт департмент ја одобри потенцијалната продажба на противтенковски ракети „џавелин“ на Косово за околу 75 милиони долари, објави Пентагон.

Предложената продажба ќе го подобри долгорочниот капацитет на Косово да го брани својот суверенитет и територијален интегритет, напиша Пентагон. Истовремено, Косово побара да купи 246 ракети џавелин, а за можната продажба во четвртокот беше информиран Конгресот на САД.

„Ракетите џавелин покажаа ефикасност во Украина, па дури и претходно, и ги покриваат нашите потреби да бидеме подготвени да ја браниме нашата земја“, изјави за Ројтерс косовскиот министер за одбрана. Тој рече и дека Косово ќе биде подготвено да одговори на секој што го загрозува неговиот суверенитет, но и подготвено да придонесе за светскиот мир како дел од заедничките меѓународни операции.

Слични Објави