Поради енергетската криза Пендаровски го свика Советот за безбедност

/

На 6 септември 2022 година (вторник) со почеток во 11:00 часот во Кабинетот на претседателот ќе се одржи 17-та седница на Советот за безбедност.

На дневен ред на седницата ќе биде енергетската криза во Република Северна Македонија и мерки за нејзино надминување.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.



По завршувањето на седницата на Советот за безбедност ќе следaт изјави на претседателот Стево Пендаровски и претседателот на владата, Димитар Ковачевски, што ќе се пренесуваат во живо на You Tube и Facebook платформата на претседателот.



Претходна статија

Уапсен 44-годишен маж во Арачиново откако нападнал полицајци

Следна статија

Ковачевски – Донев: Бугарија ќе излезе во пресрет на барањата за електрична енергија, се очекува решение за помалку од две седмици

Најново од Вести