| |

Во село Крупник, Бугарија, ќе биде свечено откриено спомен-обележје посветено на бежанците од солунското село Зарово

Потомците на бежанците од некогашното село Зарово, Солунско, кои во 1913 година биле принудени да го напуштат своето родно место и го нашле својот нов дом во село Крупник, Бугарија успешно ја завршија својата иницијатива за поставување на спомен-обележје посветено на нивните предци.

Спомен-обележјето на кое пишува „Во сеќавање на бежанците од село Зарово, Солунско, кои во 1913 г. го напуштија своето родно место и го најдоа својот втор дом во село Крупник. Од признателните потомци“ е поставено во паркот до црквата „Свети Архангел Михаил“ во селото, а неговото свечено откривање е закажано за 21 јуни 2025 година.

Веста ја објави професорката во локалното училиште Станка Т’нова, која заедно со својата колешка професорката Диана Стефанова, беа организаторки на донаторската акција за собирањето на потребните средства за изградба на спомен-обележјето.



Слични Објави