(Видео/Галерија) Во Њу Лексингтон се одржа 47-то издание на Фестивалот „Макгахан“ посветен на новинарот Џануариус Макгахан- Ослободителот на Бугарија
Уште еден MacGahan Festival е зад нас. Голема благодарност до сите што дојдоа да ја прослават неговата извонредна личност и карактер. 48-иот фестивал следната година ќе се одржи на 13 јуни 2026 година. Ве молиме забележете си во календарите, се надеваме дека ќе ве гледаме во уште поголем број таму. Ова на социјалната мрежа Facebook го напиша проф. д-р Иван Динев Иванов, дел од организаторите на традиционалниот Макгахан фестивал. Фестивалот се одржува традиционално во градот Лексингтон, Охајо, САД и е посветен на легендарниот американски новинар и херој на Бугарија – Џануариус Алојсиус Макгахан.
Потсетуваме дека вчера во градот Њу Лексингтон, Охајо, САД, се одржа 47-от годишен фестивал „Макгахан“. Настанот е организиран од Американско-бугарската фондација „Макгахан“.
Во рамките на фестивалот беа положени венци и свежо цвеќе на гробот на Макгахан на гробиштата Maple Wood во Њу Лексингтон и пред споменикот на легендарниот новинар наспроти судската зграда на округот Пери. Потоа следеше свечен ручек со традиционални американски и бугарски јадења и пијалоци.
Во рамките на настанот беа објавени победниците од конкурсот за есеј меѓу средношколците од округот Пери, како и ученици од гимназијата по англиски јазик од градот Пазарџик, Бугарија.
Погледнете ги галеријата и видеото од настанот:




