|

При обид за бегство од полиција повреден навивач од Скопје

Навивач од Скопје, при обид да избега од полиција се здобил со повреди и е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, а потоа бил задржан во полициска станица.

-Во текот на вчерашниот ден, во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ и улица „Лазар Линченовски“, по завршување на спортски натпревар, повеќе лица фрлале тврди предмети кон возило „Сеат“, во кое се превезувале навивачи на една од навивачките групи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Откако ја забележал полицијата, повредениот се обидел да избега, но се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, а по укажаната помош бил задржан во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Zoom,mk



Слични Објави