ПРОТЕСТИ ВО БЕЛОРУСИЈА, ПРИВЕДЕНИ НАД 140 ДЕМОНСТРАНТИ
Илјадници демонстранти вчера излегоа на улиците на нови демонстрации против долгогодишниот претседател Александар Лукашенко, барајќи негово повлекување од власта.
Група за заштита на човековите права – Весна наведе дека полицијатѕа уапсила над 140 демонстранти и дека претепала многу други учесници на протестот, пренесе АП.
Демонстрантите првично се собраа во разни делови на Минск за да ја отежнат работата на полицијата, но се соочија со репресија кога се обидоа да се обединат во центарот на градот.
Медиумите јавуваат дека полицијата употребила шок-бомби за да ги растера демонстрантите и почна да апси.
