ДЕРКОСКИ: ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК НЕМА ФАНТОМИ

Вести Истакнато Македонија

„Нема фантоми во Избирачкиот список, како што имавме навика да кажеме. Во него се запишани сите државјани кои се полнолетни и имаат право на глас“- изјави денеска претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
Одговарајќи на новинарско прашање до каде се кривичните пријави за референдумот на избирачки места каде се сомневаше дека имало полнење на кутиите Дерковски потсети дека нив ги поднела политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и оти обинителството од ДИК побарало соодветни податоци и материјали, кои Комисијата им ги доставила.