ВО ТЕК Е ВЕШТАЧЕЊЕ ЗА ТОА КОЈ ПРИСЛУШКУВАЛ ВО ОБВНИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА

Во тек е вештачење на хард дисковите на Обвинителството за организиран криминал и корупција, затоа што при непосредната контрола не постоеја технички можности да се утврди дали и таму било снимано. Сé уште не знаеме дали и во ова Обвинителство било прислушувано, рече на денешната прес-конференција јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев одговарајќи на новинарско прашање.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески пред неколку месеци на брифинг со новинарите објави дека од 30 септември 2016 година биле прислушувани фиксните броеви од телефонскaта централа во ЈОРМ и во два хард диска се снимани сите комуникации.