НЕМА ЗАБОЛЕНИ ОД НИЛСКА ТРЕСКА

Разно

И покрај сомневањата се чини дека Македонија остана едниствена земја во регионот каде нема Нилска треска. Ситуацијата во соседните земји е многу по алармантна. Во соседна Србија има 70 заболени и 5 починати, во Грција има засега потврдени три смртни сличаи од оваа болест, а ситуацијата во Италија, Романија и Унгарија не е подобра.

Како најважна превентивна мерка, според епидемиолозите е прскањето, кое треба да се направи најдоцна во март, за да се уништат се уште неразвиените инсекти. Од град Скопје, уверуваат дека оваа година е прскано дури 18 пати, но почнале во јули, наместо средината на Јуни како обично.

Се очекува до крајот на август да се се редуцира бројот на инсектите. Во меѓувреме, на граѓаните им преостанува сами да се штитат, со заштитни средства против комарци или со облека што би го покрила целото тело без оглед жештините – изјавија надлежните.