ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ТРАЕ ЧЕТИРИ ДЕНА, НАМЕСТО ДВА.

Разно

Од град Скопје објавија дека утрово е извршено планираното засилено прскање против комарци. Заради зголемените летни врнежи се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците, па затоа Град Скопје одлучи третото прскање наместо два дена да го зголеми на 4 дена со што се зголемува интензитетот на заштита.

Град Скопје ги известува граѓаните дека прскањето ќе продолжи од копно и ќе се одвива од 13 август до 17 август (од понеделник до петок), во период од 23 до 04 часот.