ЈАПОНСКА МАСКА ЗА УБАВА КОЖА

Јапонците се познати по нивната убава кожа. Иако стареењето зависи во голема мера од генетиката и расата има трикови за убавина кои Јапонците со генерации си ја предаваат. Една од тајните на јапонските жени е оризот, не само како начин на исхрана кој им помага да бидат во добра форма но и како средство за одржување на нивната кожа млада и убава за подолго време.

Состојки:

2 ориз
1 лажица јогурт
1 лажичка мед

Сварете го добро оризот исцедете го и оставете го да се излади. Ставете го во чинија и додадете го јогуртот. Измешајте убаво со па додадете го медот. Маската нанесете ја на претходно исчистената кожа. Оставете ја да дејствува 15-20 минути и исплакнете со млака вода. Оризот е богат со антиоксиданси кои ја хидратираат кожата ја затегнуваат и ја подобруваат циркулацијата.

При добра подносливост на кожата, правете маската 1-2 пати неделно.



Слични Објави