ДАЛИ ПОВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ НЕ СПАСАТ ОД КОРОНАВИРУСОТ?
Одамна се шпекулира дали коронавирусот ќе се однесува слично на другите вируси кога ќе дојде потопло време. Се чини дека постои причина ова да се случи, како што покажува и последното кинеско истражување, пишуваат медиумите од регионот, пренесува ТВ Тера .
Имено, повисоките температури и повисоката влажност на воздухот сепак би можеле да го забават ширењето на коронавирусот, тврдат научниците од кинеските универзитети во Беиханг и Цингу кои ги проучувале ефектите на температурите врз коронавирусот од избувнувањето во земјата. Резултатите од студијата за коронавирусот открија дека потоплото време може да влијае на пандемијата на коронавирусот, но потенцираат дека само овој фактор не би го намалил бројот на заразени на нула и нема целосно да ја запре пандемијата.
Сепак, научниците овој пат донесоа малку оптимизам кон оваа тешка здравствена состојба во светот, бидејќи излегува дека коронавирусот не може да преживее, на пример, на 30 степени Целзиусови, а секое зголемување на температурата за еден степен или влажност за еден процент ќе ја забави стапката на пренесување на болеста. Студијата откри дека бројот на заразени лица во Кина опаѓа, истражувале кои параметри влијаеле на тоа. Научниците сега се убедени дека ригорозните мерки како што е карантинот на цели провинции и потоплото време се клучен фактор за смирување на епидемијата.
Целиот напис прочитајте го овде.