|

ДЕНЕСКА РУСКОВСКА ЌЕ ГО ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕТО ЗА „РЕКЕТ“

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска се очекува да поднесе обвинение за случајот “Рекет”, кој ја тресе земјава уште од средината на оваа година.

Случајот од вчера беше проширен за нови пет лица, осомничени за перење на пари, измама и помагање во делото.

Меѓу новоосомничените се партиската функционерка од СДСМ Фросина Ременски, претседателката на Меѓународен сојуз, таткото на Бојан Јовановски и др.

За претседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ определен е домашен притвор.

Слични Објави