ЗАЕВ ЌЕ ЈА КРАТИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЗА 20% И ЌЕ ГИ НАМАЛУВА НЕПРОДУКТИВНИТЕ ТРОШОЦИ
„Драстичното намалување на непродуктивните трошоци, вклучително тука и намалување на администрацијата за 20 проценти е нешто што ќе ослободи дополнителни финансиски средства за да ја помагаме економијата со капитални инвестиции. Нашата продуктивност мора да ја изедначиме со онаа на земјите од ЕУ, а тоа ќе дојде со доследно спроведување на реформите од правосудството до образованието – најави премиерот Зоран Заев, во своето гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М.
Заев подвлече дека Владата има силна политичка волја и подготвеност за целосно и длабоко спроведување на структурните реформи, во однос на ова прашање кое го нотира и Европската комисија во годинешниот извештај за нашата земја.
Премиерот е дециден дека некои од тие мерки, се непопуларни, но ќе мора да бидат спроведени.