УТРИНСКО КАФЕ НА ПРАЗЕН СТОМАК – ЗОШТО ОВА E НАЈШТЕТНАТА НАВИКА?

За многу луѓе, утрото започнува со шолја кафе. Стануваме и посегнуваме по кафето директно, бидејќи тоа е единствениот начин да се разбудиме. Ние често немаме појадок затоа што „немаме“ време и ни треба овој „расонувачки“ пијалок за да го започнеме денот.

Излегува дека ова е една од најштетните навики што ја имаат многумина. Конзумирањето на кофеин веднаш по будењето и на празен стомак е голема грешка. Студијата објавена во British Journal of Nutrition покажува дека е подобро да се јаде нешто, колку и да е малку, пред да се испие кафето наутро. Ова има огромно позитивно влијание врз целокупното здравје.

Истражувањето е направено во Центарот за исхрана, вежбање и метаболизам на Универзитетот во Бат, Велика Британија. Ги испитува ефектите што ги има една шолја црно кафе врз 29 здрави мажи и жени, пишува bestlifeonline.com. Од луѓето било побарано да поминат низ три различни состојби по случаен редослед: една состојба каде луѓето биле со нормален ноќен сон, проследена со сладок пијалок наутро; една во која за време на ноќниот сон луѓето се буделе 5 минути на секој час, по што пиеле ист сладок пијалок наутро наместо појадок; и една во која спиењето исто така било прекинато, но наутро испиле чаша кафе половина час пред да го примат слаткиот пијалок.

Откако зеле примероци од крв од учесниците, истражувачите откриле дека оние кои пиеле кафе пред слаткиот пијалок имале скок од 50% во нивото на шеќер во крвта од останатите.



Истражувачите веруваат дека и покрај многуте други истражувања кои ги покажуваат придобивките од утринското кафе, пиењето шолја кафе на празен стомак наутро веднаш по будењето пред да јадете каков било појадок, го провоцира вашето тело да го подигне нивото на инсулин и шеќер во крвта. Ова е многу опасен механизам кој не само што предиспонира со акумулација на маснотии, туку создава и услови за активирање на дијабетес и кардиоваскуларни болести.

Едноставно кажано, апсорпцијата на шеќерот во крвта е нарушена кога првото нешто што го земаме наутро е кофеинот, особено ако имаме немирен сон навечер. Ова може да се промени само со една едноставна навика – да се јаде нешто кратко пред да се напиете кафе.

Покрај тоа, пиењето кафе на празен стомак штетно влијае на нашата енергија. Наспроти популарното верување, оваа навика ја намалува енергијата наместо да ја зголемува, бидејќи кофеинот на празен стомак го стимулира зголемувањето на нивото на кортизол во крвта – хормонот на стресот.