НАСТАВНИЧКА СО СИМПТОМИ НА КОВИД-19 ГО НОСЕЛА СВОЕТО ДЕТЕ ВО УЧИЛИШТЕ, 22 ПРВАЧИЊА ВО ИЗОЛАЦИЈА

Мајка која воедно била наставничка во ОУ „Гоце Делчев“ во општина Центар, имала симптоми на Ковид-19, но таа не одела на работа, меѓутоа го носела своето дете во училиштето, при што 22 првачиња од две одделенија се во изолација.

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ побара санкција за наставничката.

„Ја информирам јавноста дека уште 22 првачиња распоредени во две паралелки од центарското основно училиште Гоце Делчев се во изолација. Мајка на едно од првачињата, која е и наставник во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на корона вирусот, и не одела на работа, сепак детето го носела на настава.
Најостро го осудувам неодгворното однесување на наставничката и барам од директорката целосно да го испита случајот, како и соодветно да ја санкционира наставничката.- Реклама –

Нагласувам дека вакво несовесно и неодговорно однесување на еден просветен работник не смее да биде толерирано. Наставниците треба да бидат пример како се работи посветено за доброто на децата и во никој случај не смеат да дозволат со своето однесување да ја доведат во опасност безбедноста на учениците.



Општината ги презема сите чекори за одржување на хигиената во училиштата и апелирам до образовниот кадар и до родителите да ги почитуваат здравствените мерки и препораки“, напиша Саша Богдановиќ на својот профил на „Фејсбук“.