СПАСИТЕЛИТЕ ТРАГААТ ПО ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ КОЕ ИСЧЕЗНА ВО ПОПЛАВИТЕ ВО БОСНА

Вести Свет

Продолжува потрагата по шестгодишното дете кое вчера исчезна во надојдената вода при поплавите кои што ја зафатија Босна и Херцеговина. Вчера попладне спасителите детално го пребарале коритото на надојдената река Мрачајска, по што започнала потрагата и во реката Босна. Во текот на ноќта било отежнато пребарувањето поради слабата видливост.

Шестгодишниот Ибрахим Мешелевиќ вчера возејќи велосипед падна во надојдениот поток. По него скокнала и мајката во обид да го спаси, но не успеала.Таа е извлечена од водата и пренесена во болница, а по момчето се трага.

Роднина на малиот Ибрахим вели дека е можно телото да завршило во реката Босна. Во потрагата се вклучени 300 луѓе. Пронајдени се само тренерката и велосипедот на детето.

Извор: Макфакс