ВМРО-ДПМНЕ: Неработникот Шилегов го уништува Водно, во игра се бизнис интереси на власта

/

Неспособниот неработник Петре Шилегов го уништува Водно и намерно не го прогласија за Парк на природата што е повисок степен на заштита, бидејќи во игра се бизнис интереси на власта, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо спас на Водно и ревитализација на неговата шума како што ветуваше Шилегов, единствено донесе уште поголемо уништување и царување на урбаната мафија.
Во својот четиригодишен мандат неработникот Шилегов со прст не мрдна да го заштити или да го ревитализира Водно, напротив свесно дозволи уништување на уште повеќе шума и бетонизација на белите дробови на Скопје. Тоа што владата го прогласи Водно за заштитено подрачје кое според закон е петти степен е само обична шминка дека се грижат за планината, бидејќи доколку сакаа навистина да го заштитат ќе го прогласеа за Парк на природата како што ВМРО-ДПМНЕ за заштити Парк шумата Гази Баба, односно четврти степен што е повисока заштита“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија оценуваат дека ниту на Шилегов ниту на СДСМ, како што велат, не им одговара Водно да биде заштитено затоа што самите тие пред два месеци промовирале нова населба на падините на Водно која според опозициската партија ќе значи уште еден удар врз планината и животната средина во Скопје.



„Наместо да заштитува, Шилегов уништува. Впрочем тоа го покажа кога среде Скопје ја искасапи улицата „Орце Николов“ иако ветуваше дека нема ниту едно дрво да биде уништено. Да биде иронијата поголема Шилегов е тој кој бетонираше дрвја, а сега планира да го уништи и целиот дрворед на булевар „Партизански одреди“ заради нефункционалниот и скап БРТ систем“, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

На Табановце за излез се чека околу 30 минути

Следна статија

МОН: Обезбедивме таблети наменети за ученици во социјален ризик

Најново од Вести