ВАРДАР ПОЧНА ДА ПРОДАВА БИЛЕТИ ЗА КЕЛН!

Македонскиот ракометен шампион и трета година по ред учесник на фајналфор-турнирот од Лигата на шампионите, екипата на Вардар, денеска ја информира јавноста дека во продажба се пуштени билети за завршните пресметки во Келн (1 и 2 јуни) и тоа по цени кои се речиси идентични со ланските.

Само за блок-влезниците за двата дена во „Ланксес арената“ фановите ќе треба да издвојат по 18.300 денари (300 евра), што е за 1.000 денари поскапо од понудата која беше минатата година. Дури и местото во салата е исто односно навивачите на Вардар, кој во полуфиналето ќе ги одмери силите со Барселона (во второто ќе играат Кјелце и Веспрем), ќе купуваат билети за блокот 218 за да може групно и во што е можно поголема бројка да ги бодрат своите миленици.

Билетите, барем од контигентот кој го продава Вардар, ќе може да се купат во фан-шопот на клубот што се наоѓа во склоп на арената „Јане Сандански“, како и онлајн на следниот линк. Секако, ако може да издвоите само за оваа ставка сума еднаква речиси на просечна македонска плата.

Извор: sport1

Слични Објави