| |

Бугарија испратила 13 пакети воена помош за Украина од почетокот на војната

Министерството за одбрана на Бугарија обезбедило 13 пакети помош за Украина од почетокот на војната, соопшти владиниот сајт за јавни информации. Видот на помошта и нејзината вредност се класифицирана информација, се наведува во соопштението. Последниот пакет е од 12 февруари 2026 година, јавува БНР.

Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година и го предизвика најкрвавиот и најразорниот конфликт во Европа по Втората светска војна. Софија ја одобрува воената помош за Киев според Договорот со Министерството за одбрана на Украина за бесплатно обезбедување вооружување, техника и муниција од декември 2022 година. Од конкретни одлуки на парламентот е јасно дека покрај муниција, на Украина биле испраќани и оклопни возила, самоодни орудија и противвоздушно-ракетни комплекси.

На почетокот на 2025 година министерот за одбрана Атанас Запрјанов соопшти дека повеќе од 200 милиони евра пристигнале како компензации од САД и ЕУ за воената помош кон Украина, а во 2026 година се очекуваат уште околу 300 милиони.



Слични Објави