МИЦКОСКИ: СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ИМАА ВИЗИЈА, ЗНАЕЊЕ И ПОСТОЈАНОСТ.

Дозволете ми од мое име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да им го честитам на сите граѓани државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј.

На овој ден се потсетуваме на големите на се сесловенските просветители кои на идните генерации им го подарија најголемото богатство, писменоста. Светите браќа овозможија рамноправност на милиони луѓе, а со тоа го трасираа и патот за ширење на христијанството и христијанските вредности. Ликот и делот на Свети Кирил и Методиј е и дел од македонскиот идентитет, јазик, историја и култура.

Светите Кирил и Методиј имаа визија, знаење и постојаност. Ние денес се соочуваме со тешко секојдневие, предизвици и не помали искушенија. Но сепак ова е реалност која мораме да ја промениме, а тоа ќе биде со визија, знаење и мудрост.

Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ја обезбедиме заедничката иднина на сите.

Тие веруваа дека секој народ заслужува свој јазик па така го подарија најголемиот подарок кој човек може да го добие писменоста, знаењето е единственото нешто кој никој не може да го земе или да го оспори.

Нека ни е честит овој голем празник Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.