КОЛЕВ: СЕГАШНИТЕ КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ ИЗЛАЖАА ЗА ДВА КЛУЧНИ МОМЕНТИ

„Популизмот и лажењето во политиката се основниот начин на функционирање кој реално претставува само игра со емоциите и дефокусирање од реалните проблеми.
На овие избори реално сегашните коалициони партнери излажаа за два клучни моменти:
1. СДСМ-време е ДУИ да оди во опозиција
2. ДУИ-време е за прв премиер Албанец
И двете пораки се доста емотивни и манипулативни, а реалноста е таа што е денес. На лагата и се кратки нозете, но и истата не ги решава реалните проблеми во општеството“, напиша на својата официјална facebook страна претседателот на ГДУ, Петар Колев.

loading...

loading...