|

Кривична за фирма и управител од Гостивар: Наплатувале од станари иако им била одземена лиценцата

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Гостивар и против 44-годишниот В.Д. од Гостивар поради сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „послужување“.

Според полицијата, во текот на 2025 година фирмата, и покрај тоа што ѝ била одземена лиценцата за управување со станбени згради, продолжила да им наплатува на станарите средства за наводно извршени услуги, меѓу кои реновирање и уредување на внатрешни простории во зградата.

На тој начин, според пријавата, правниот субјект се стекнал со противправна имотна корист од 208.500 денари, наплатени на име резервен фонд.

Воедно, второпријавениот В.Д., според сомнежите, неовластено се послужил со истите парични средства во износ од 208.500 денари, кои му биле доверени од група станари во една станбена зграда.



Слични Објави