ЗДРАВЈЕ БЕЗ ПАРИ-ЧИСТА БОЛЕСТ

//

Здравје без пари – чиста болест! „Една македонска плата е една дневница во Америка“, вели една македонска госпoѓа, успешен бизнисмен во таа земја. „Јас за 12 часа заработувам колку што заработува македонскиот работник за еден месец. (Тоа заначи за 12 дена цела наша годишна плата, при приближно исти цени на широкиот пазар – м.з.). Просечната плата од 4 000 американски долари, ако работат двајца, едната ја трошат за сите месечни потреби, другата им останува како заштеда“, вели госпожата. That is Amerika.

Затоа сите сакат да се иселат или во Америка или во земјите со сличен стандард. Само неинформираните и богатите велат дека добро се живее во МК, само здравје да има. Никој не сака да признае дека здравјето без пари ти е чиста болест!

Имено, во Македонија е обратно: две минимални плати не се доволни за едно просечно семејство да го помине месецот. Минималецот изнесува околу 14.900 денари = 286 долари, (курс на доларот од 12.082020 г.). За да преживее едно домаќинство му требаат уште 3 000 денари = 57 долари. Но, во оваа сума не спаѓа ништо од пошироките потреби, забава, рекреација, културна надградба, туку „кошничката“ е наполнета со основните потреби.



Линија на сиромаштијата

Методологијата што ја користи македонскиот Државен завод за статистика вели дека при пресметувањето на релативната линија на сиромаштија се користи концептот на расходите. Според него, земени се предвид сите расходи за прехранбените и непрехранбените производи и услуги, а вклучена е вредноста на потрошувачката од сопствено производство. Во потрошувачката не се вклучени расходите што имаат карактер на трансфери како членарини, придонеси, подароци, враќање на долгови и заштеди. Исто така не се вклучени и расходите што имаат карактер на инвестиции како купувањето и инвестирањето во сопствени станови,од причина што тие не го сочинуваат егзистенцијалниот буџет.

(Целата анализа на Бране Стефановски, прочитајте ја овде)

Претходна статија

ФОТО: ЕВЕ ЗОШТО НЕКОИ СЕ ДИРЕКТОРИ, А ДРУГИ НЕ ГИ БИДУВА НИ ЗА ПОРТИРИ

Следна статија

КОЛЕВ: СЕГАШНИТЕ КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ ИЗЛАЖАА ЗА ДВА КЛУЧНИ МОМЕНТИ

Најново од Анализи & Коментари