| |

Шести по ред протест во Кочани: Се бара правда за загинатите и повредените

Попладнево во Кочани се одржува нов шести по ред протест во знак на поддршка за семејствата на загинатите и повредените во пожарoт во дискотеката „Пулс“ што однесе 62 животи. Учесниците во протестот бараат неселективна правда и транспарентна истрага за причините и одговорностите за трагедијата.

Протестот е поддржан и од движењето „Кој е следен“, кои побараа системски промени и одговорност за сите институции вклучени во надзорот и безбедноста на јавните објекти.

Протестот се одвива под пораката: „Системот убива, институциите молчат!“ Се засилуваат и барањата за поголема институционална поддршка за Кочани.

Слични Објави