|

ДЕРКОСКИ: ИЗБОРИТЕ ЌЕ ЧИНАТ 8 МИЛИОНИ ЕВРА

Претстојните парламентарни избори ќе чинат над 8 милиони евра, вели претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски во интервју за Радио Слободна Европа, пренесува Фокус.

„Согласно она што го видовме со предлог буџетот кој што е во собраниска процедура, пресметките се дека се предвидени нешто над 6,7 милиони евра за претстојните избори. Имам информација дека тука ќе има амандманска интервенција со некаде уште милион и пол евра што значи некаде над 8 милиони евра ќе чинат овие избори. Тука морам да напоменам дека се вклучени и парите што ќе потрошат и медиумите,  затоа што сега, согласно најновите законски измени од изборниот законик, од минатата година медиумска кампања што се води за време на изборната кампања ја плаќа државата“ – вели Деркоски.

Слични Објави