| |

МИЦКОСКИ : ВМРО ДПМНЕ ИМА КРИСТАЛНО ЈАСЕН СТАВ ПРОТИВ ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО

„ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што не само што има кристално јасен став, туку тој беше прецизен, недвосмислен и континуиран во целиот овој период додека ова прашање беше актуелно, додека се водеа тие т.н. преговори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во вестите на Алфа Телевизија.

Мицкоски потенцираше дека  ВМРО-ДПМНЕ има јасен став по принципот непромена на Уставот, односно непромена на уставното име,  односно така наречениот ерга омнес концепт и  додаде дека ВМРО-ДПМНЕ јасно го квалификува договорот во кој што не учествуваше како капитулантски и договор кој што е штетен за македонските и националните интереси на Република Македонија.

– ВМРО-ДПМНЕ како сериозна , одговорна и народна политичка партија која што својот легитимитет го црпи од граѓаните на Република Македонија, нормално е да спроведе поширок опфат на консултации со истите и да може на крајот од денот да донесе едно решение како понатаму ќе се позиционира за самото референдумско изјаснување по прашањето кое што исто така кажавме дека е манипулативно и тросмислено бидејќи не содејствува на вистинската смисла која треба да содејствува на договорот кој што е потпишан, а не на аспирациите на Република Македонија и вековниот стремеж да биде дел од Евроатланското семејство, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој уште еднаш посочи дека од самиот почеток ВМРО-ДПМНЕ има принципиелен, чесен и искрен став пред граѓаните на Република Македонија пред гласачите и поддржувачите , но и пред останатите и во таа насока партијата ќе продолжи и понатаму се додека не се изгради конечниот став кој ќе биде поврзан со самото референдуско прашање, а истиот ќе и биде благовремено соопштен на јавноста.

– Тука не станува збор за персонално прашање, дали Христијан, Зоран или било кој друг во државата сака да биде вака или така, едноставно ова е прашање во кое што граѓаните на Република Македонија, но и оние генерации по нас треба да живеат со таа содржина на договор кој што некој одлучил да го потпише.  Во име на тоа како одговорна политичка партија не се затворивме 3-4 во канцеларија туку излеговме чесно искрено, да разговараме со граѓаните и врз основа на сублиматот  ние ќе донесеме став, нагласи Мицкоски.

Слични Објави