ПРОШТАЛНА СРЕДБА НА АМБАСАДОРОТ НА Р. ПОЛСКА ВО Р. МАКЕДОНИЈА, Г. ЈАЦЕК МУЛТАНОВСКИ И Г. ТАЛАТ ЏАФЕРИ

//

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, го прими на проштална посета досегашниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, г. Јацек Мултановски.

На средбата, претседателот Џафери ја поздрави континуираната поддршка на Република Полска за евроатланската интеграција на Република Македонија и притоа се заблагодари на амбасадорот за ангажманот во текот на неговиот мандат за развој на пријателските односи меѓу двете држави.

Тој, исто така, рече дека имајќи ја предвид поддршката од страна на Република Полска за Република Македонија и нејзината важна улога во регионот, е задоволен што Полска е вклучена во Берлинскиот процес, особено со фактот што следниот самит во 2019 година ќе се одржи во Варшава.



Амбасадорот Мултановски ја потврди поддршката на Република Полска и нејзината подготвеност да ги пренесе своите искуства во нашата држава и ја искористи пригодата, во име на неговата земја, да го поздрави постигнатиот договор со Република Грција, при што истакна дека тоа е договор со кој се надмина долгогодишниот спор и се отвораат вратите за влез во НАТО и ЕУ.



Претходна статија

МИЦКОСКИ: ПОТЕГОТ НА ЗАЕВ Е АПСОЛУТЕН ПОРАЗ НА МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

Следна статија

КИРАЦОВСКИ ВО ПОСЕТА НА КИЧЕВО, МАКЕДОНСКИ БРОД И ПЛАСНИЦА: ДА КАЖЕМЕ ДА ЗА МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА!

Најново од Вести