НЕФИ УСЕИНИ ОД ДУИ ЈА ПОКРИ ДИВОГРАДБАТА: „МА ИДИ ВО П**КУ МАТЕР, МАМИЦАТА ДА ТИ ЈА Е**М“ – ИМ РЕКОЛ НА НОВИНАРИТЕ

Додека Охрид да распише тендер за рушење на дивоградбите во општината, советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини, продолжи со доизградба на дивоградбата во заштитеното јадро на плоштадот Чинар, пишува A1.on.

Летната тераса на објектот што го има закупено Усеини изминативе денови доби и кровна конструкција. Мајсторите и натаму работат, иако градежниот инспекторат постави жолта лента на објектот со која се забранува пристап до парцелата.

„А1он“ го исконтактира Усани за да го праша зошто гради и покрај решението да ја отстрани градбата, на што тој одговори со пцости.

Ма иди во п**ку матер. Мамицата да ти ја е**м. Која дивоградба пи*ка ти матер“, рече совеникот од ДУИ, Усани, не дозволувајќи да му се постави прашањето, по што го исклучи повикот, пишува А1.он,

Тендерот за избор на фирма што треба да ја урне дивоградбата не е распишан, иако градоначалникот Консатнтин Георгиевски во предизборниот период рече дека кон отсранување на оваа дивоградба ќе се пристапи веднаш по изборите. Охридските медиуми толерантниот однос на Георгиевски кон дивоградбата го гледаат во поддршката што Усени му ја пружил за време на изборите, со агитирање на гласачи.

Советникот Усеини во предизборите беше пријавен во полиција за напад на инспектор од Скопјекој сакал да изврши инспекциски надзор на дивоградбата во заштитеното јадро на Охрид. И по речиси еден месец, совеникот од ДУИ не се гони за ниту едно кривично дело.

Испративме известување до ОЈО со кое го запознавме за настанот, како и изјавите на двете страни. Обвинителството ќе треба да утврди дали постои одговорност и дали ќе го гони Усеини, рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

Објектот чиј инвеститор е Усеини се појави за време на викендот на 9 и 10 март кога градежни работници со багери и хилти ја урнаа старата платформа и почнаа да градат нова. Сите градежни активности беа нелегални, но инспекцијата на терен излезе десет дена подоцна.

Општината на 25 март донесе решение за уривање на дивоградбата кај Чинарот и му даде рок од 10 дена на сопственикот сам да ја урне. Речиси два месеца по донесувањето на решението, ниту сопственикот на терасата сам ја урна ниту Општината уриваше, пишува А1.он.

Извор: Лидер