| |

СРПСКИОТ ПАТРИЈАРХ ИРИНЕЈ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

Српскиот патријарх Иринеј е примен во болница поради влошена состојба предизвикана од коронавирусот.

Српската православна црква потврди дека тој е хоспитализиран во воената болница Карабурма.

Патријархот е пренесен во болница утрово поради „влошување на хроничната срцева слабост“.

Состојбата на Иринеј се стабилизиралаоткако примил терапја.

СПЦ информира дека конзилум лекари специјалисти континуирано ја следа здравствената состојба на патријархот Иринеј.

Во Србија заразата брзо се шири, а Белград може да влезе во црната корона зона.
На 30 октомври, митрополитот Црногорски и приморски Амфилохије почина од коронавирусот во Клиничкиот центар на Црна Гора.



Слични Објави