ЕДЕН ОД ПОЛИЦАЈЦИТЕ ОБВИНЕТИ ЗА УБИСТВОТО НА ЏОРЏ ФЛОЈД ПУШТЕН ОД ПРИТВОР СО КАУЦИЈА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ

Поранешниот полицаец обвинет за убиството на Џорџ Флојд, Дерек Чаувин е пуштен од притвор со кауција од еден милион долари.

Чаувин е обвинет за второстепено убиство на Флојд, а судењето се очекува да почне следната година.

Тој беше еден од четворицата полицајци обвинети за убиството на Флојд при обид за насилно апсење.



Смртта на Флојд го предизвика бранот протести „Black Lives Matter“ во САД и ширум светот.