ВАСИЛИЧАРИ ОД ВЕЛЕС НА ФЕСТИВАЛ ВО СОСЕДНА БУГАРИЈА
Василичари од Велес ќе учествуваат на дводневниот василичарски фестивал „Симитлија- древната земја на кукерите“. Фестивалот ќе се одржи во градот Симитли, Бугарија.
На василичарскиот фестивал ќе земат учество повеќе од 50 групи од цела Бугарија. Публиката ќе може да се запознае одблиску со ова древна традиција и секако уникатните маски со кои ќе дефилираат учесниците.
