ПЕТАР КОЛЕВ: МЕДИЦИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ХЕРОИТЕ ЗА 2020-ТА ГОДИНА

„Драги пријатели ви ја честитам Новата 2021 година и ви посакувам истата да биде исполнета со здравје, љубов, среќа и добрина околу вас.Минатата година ни покажа дека потрагата по материјалното, повеќе пари, повеќе други добра кои имаат цена е толку неважна во споредба со здравјето, семејството и љубовта на блиските. Го изразувам своето сочуство кон луѓето кои минатата година изгубија свои блиски поради корона вирусот и сакам да ја изразам мојата огромна благодарност на медицинските работници заради нивната борба со ова зло која за жал сѐ уште не е завршена. Тие се хероите на 2020-та година. Бидете добри, бидете здрави, чувајте се!“, напиша на својата официјална facebook страна претседателот на ГДУ, Петар Колев.

loading...


loading...