БЕЗ ПАНИКА: ДЕЦАТА НЕМА ДА УЧАТ ДО 31 АВГУСТ ТУКУ ДО 10 ЈУНИ
На првиот ден од почетокот на новата учебна година дел од порталите во земјава ги зовреа социјалните мрежи откако објавија дека учебната година ќе трае до 31 август, а одлуката за тоа ја донела Владата и истата е објавена во службен весник, јавува Слободен печат.
На тој начин тие кренаа паника во јавноста дека децата ќе мора да одат на училиште до крајот на август.
Меѓутоа, тие пропуштија да објаснат дека учебната година секогаш трае до 31 август, додека наставната до 10 јуни.
Претходно и министерката за образование и наука Мила Царовска укажа на тоа дека оваа учебна година нема да биде пролонгирана, иако стартот беше одложен за еден месец подоцна, односно на 1 октомври.