ТИТО НИ ДАДЕ ДРЖАВА

Заврши Втората светска војна и Македонија си остана сирак. Но тогаш се појави добриот чичко – другарот Тито и тој не посвои. Ни стана татко. Но освен нас, ни ја зеде и куќата, нивата и стоката. На пример: тутунот од прилепско заминуваше багателно за Белград, шините од пругата Скопје – Крива Паланка – Софија која скоро беше завршена во периодот ’41-’44 се демонтираа и транспортираа во Босна каде ударнички се градеше линијата Брчко – Бановичи. А ние не се жалевме. Тито си го сакавме. И песни му пеевме. А оние инаетчиите шо не пееја, ги испраќаа на Голи Оток на обука за пеење. И оттаму се враќаа со по еден бубрег помалку. За пример на другите.
А песнички и пароли многу. Некогаш во темните ноќи не знаевме да го најдиме патот, но Тој беше тука да ни го покаже.
„Друже Тито ми ти се кунемо да са твога пута не скренемо”

loading...

„Друже Тито љубичице бела, тебе воли омладина цела
Друже Тито љубичице плава, ти се бориш за народна права”
Некои повозрасни кои не го научиле добро српскиот јазик (како дедо ми Ѓоре) пееле:
„Друже Тито – љуби цице бело…”
Текстот погрешен, но во стварноста точен. Зато шо Тито беше бонвиван. Девизата му беше – CARPE DIEM. Мераклија на цицина, кубански пури, француски коњак, јахти, вили…Со еден збор – ХЕДОНИСТ.
Но на овај свет се си има век на траење. Правните закони во Југославија ги кроеа по негова мерка, но биолошките важеа и за Тито. Остаре. Неговите придворни се плашеа од неговата кончина, затоа шо тој беше „цементот” и „иконата” на федеративна Југославија. Држава – галиматијас на народи (и народности), религии, култури, менталитети, обичаи, ниво на стопански развој… Предвидуваа (основано) дека со неговата смрт, СФРЈ ќе се распадне како кула од карти. И затоа ја „исфрлија” крилатицата:
„И по Тито – Тито”
А таа пост- титовска Југославија преживеа само десетина години. Во реки од крв се распадна и на нејзино место се испилија бајаги држави. Всушност нејзиниот крај беше заложен уште со самото раѓање во Версај 1918 година. Беше заснована на нееднаквост и хегемонија на еден народ врз останатите. Социјалистичката револуција и култот на Тито и ги наполни батериите, но не за долго.
И денес по 30 години македонска независност, кога ние повозрасната генерација малку по малку го подзаборавивме Тито, а младите немаа „к’смет” да го запознаат, благодарение на Захариева се сетивме за неговите „благодети”. Старите пароли пак ги извадивме од нафталин.
„Ние Тито си го сакаме”
„Тито ни даде држава”
Тешко и горко на онај народ на кого државата му е подарена од некого, би рекол јас.



Автор: Љупчо Куртелов

loading...