ЗАЕВ И ПОРАЧА НА МЕРКЕЛ: ЗА ЧЕСТА ШТО НИ ЈА УКАЖАВТЕ ЌЕ ВОЗВРАТИМЕ СО УСПЕШЕН РЕФЕРЕНДУМ
Премиерот Заев и се заблагодари на германската канцеларка Меркел за честа што му укажала на нашиот народ со својата посета на државниот празник 8 септември, а исто така и порача дека „ќе возвратиме со успешен референдум“. Во своето излагање за време на заедничката пресконференција Заев истакна дека за него е чест токму на овој ден да посака добредојде на еден германски канцелар. Тој ја изрази својата благодарност од фактот што Македонија има сојузници со кои дели исти вредности. Според Заев посетата на Меркел е знак дека големите сили го поддржуваат договор со Грција, и поради таа причина граѓаните на Македонија се подготвени да го направат историскиот чекор.
