МЕРКЕЛ: НЕ СЕДЕТЕ ДОМА НА 30-ТИ ИЗЛЕЗЕТЕ И ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ИСТОРИСКАТА ШАНСА
Канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел ги повика граѓаните на Република Македонија да не ја пропуштат историската шанса да излезат на референдум и да го кажат својот став за иднината на Македонија. Според Меркел преку референдумот Македонија ќе стане дел од ЕУ и НАТО. Таа ја истакна и помошта на грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот колега од Бугарија, Бојко Борисов, за тоа Македонија да се доближи до евроатлантското семејство. Меркел порача дека влезот на Македонија и земјите од Западен Балкан е државен интерес на Германија.
„За иднината на вашата земја ќе одлучат граѓаните на Македонија. Со успешен референдум таа иднина ќе биде поврзана со ЕУ и НАТО.“- изјави Меркел. Таа подвлече дека без решение на спорот за името со Грција, Македонија нема да стане дел од ЕУ и НАТО. Во однос на пораките за можна изолација на Македонија при неуспешен референдум, Меркел изјави дека во овој случај не се работи за закана, туку за реална можност граѓаните како што гласале пред 27 години за независност, сега да го дадат својот глас за евроатлантската интеграција на својата земја.

