| |

ЧЕСТИТКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ГДУ, ПЕТАР КОЛЕВ, ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА Р. МАКЕДОНИЈА

На својата facebook страна, претседателот на Граѓанско Демократска Унија – ГДУ, Петар Колев, напиша:

„Од мое име и од името на Граѓанско Демократска Унија, на сите граѓани ви гo честитам Денот на независноста 8-ми Септември.

Минуваме низ период во кој е потребно многу мудрост и одлучност во носењето на одлуките. Сите ние треба да придонесеме за напредокот на нашата држава, да изградиме просперитетна Македонија која ќе биде дел oд Европската унија и НАТО.

Да живее демократијата, слободата и еднаквоста.
Нека ни е честит Денот на независноста!



Слични Објави