Интернетот прави проблеми при пописот на терен

/

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и заменикот Илми Селами денеска беа во Тетово за да проверат како тече пописот во овој регион. Нивната оценка е дека и во работните часови од овој ден попишувачите успеваат да го спроведат пописот во голем број домаќинства, а пречка како низ целата држава е проблемот во прекините на поврзаноста на лаптоп-компјутерите со интернетот.

– Имавме исклучително успешен прв ден. Попишани се околу 92.000 лица, што е одлична бројка. За денеска не очекуваме така интензивен ден, бидејќи е работен. Имавме и сѐ уште имаме проблем со интернет конекцијата. Не е проблем со апликацијата, туку со целата интернет мрежа во државата. Од Македонски телеком интензивно работат на отстранувањето на овој дефект и очекувам наскоро да немаме проблем во работата“, изјави Симовски.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Невработеноста во Македонија е ниска поради иселувањето, а не поради „добрите“ политики на Владата

Следна статија

Се огласи и Управата за извршување на санкции: Поради тахикардија од психички и физички стрес, на Кичеец 30 дена била прекината затворската казна

Најново од Вести