Избори во Бугарија: По обработени 95 отсто податоци води ГЕРБ-СДС со мала разлика пред „Има таков народ“
Врз основа на последните податоци на Централната изборна комиција на Бугарија, по обработени 95 отсто гласови на предвремените парламентарни избори, ГЕРБ-СДС води со мала разлика. Tие добиле 23,91 отсто гласови.
Втора политичка партија со најмногу гласови е „Има таков народ” – 23,66 проценти. Третата парламентарна сила во 46. Народно собрание на Бугарија ќе бидат социјалистите со 13,63 проценти гласови. Прозападна Демократска Бугарија е рангирана малку зад нив – 12,55 проценти од гласовите досега.
Петти се Движењето за права и слободи – 10,59 проценти глаови додека коалицијата „Исправи се! Мафијата надвор!” – 5,04 проценти гласови. Останатите партии и коалиции не минаа праг за влез во парламентот на Бугарија.