ВИКЕНДОВ СПРЕЧЕНО НЕЛЕГАЛНО ВЛЕГУВАЊЕ НА 180 МИГРАНТИ ВО ЗЕМЈАТА
Од регионалниот Центар за управување со кризи денеска информираа дека околу 180 мигранти кои во деновите од викендов биле фатени во обид за нелегално влегување во земјава веќе се вратени назад во Грција и оти моментно гевгелискиот камп е празен.
Градоначалникот Сашо Поцков рече дека општината редовно информира за реалната состојба на јужната граница заради сузбивање на лажните вести и намалување на психолошкиот притисок.
„Како општина сме вклучени во подготовките и координацијата со институциите во системот за управување со кризи, пред се, за справување со можен зголемен бран на бегалци и мигранти. Во редовна координација сме и со Главниот штаб за справување со кризи кој редовно ја следи состојбата и дава насоки за постапување“, рече Поцков.

